Centar.mk
фотографијата е генеририрана како илустрација со помош на АИ за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР СО ПОРАКА ДО СОФИЈА И СКОПЈЕ – Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски смета дека дел од историските прашања што ги оптоваруваат односите меѓу Македонија и Бугарија треба да им се препуштат на историчарите, додека политичарите треба да се насочат кон иднината и практичната соработка. Тој изјави дека европската интеграција на Македонија треба да остане важна цел.

Сакскобурготски даде изјава во Брисел, каде што присуствувал на настан поврзан со членството на Бугарија и Романија во Европската Унија. Во разговор со новинарите открил дека случајно се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој исто така престојувал во белгиската престолнина.

Поранешниот премиер на Бугарија нагласил дека дијалогот и добрососедските односи носат корист за двете земји. Неговата изјава доаѓа во момент кога билатералните прашања и понатаму влијаат врз европските перспективи на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД – Левица тврди дека бил претепан 15-годишник, бара одговори од Тошковски

ДЕСК

ЕДИ РАМА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – Бугарите треба да влезат во Уставот, вели албанскиот премиер

ДЕСК

СО ДРВЕН ПРЕДМЕТ НАПАДНАЛ 11-ГОДИШНО ДЕТЕ, СПОРЕД МВР – Кривична пријава против 63-годишник

ДЕСК