Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СО 2,18 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА ВОЗЕЛ ТОВАРНО ВОЗИЛО – Приведен 74-годишен возач на патот Радовиш–Струмица

На 17.11.2026 во 15:30 часот на магистралниот пат Радовиш–Струмица, на крстосницата за с. Дукатино, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишија од слобода 74-годишен жител на Радовиш.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал 74-годишникот и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПРОНАЈДЕНА ПОЧИНАТА ЖЕНА ВО КУЌА – Нема траги на насилство, наредена обдукција

ДЕСК

ГО ПАРКИРАЛ „МЕРЦЕДЕСОТ“, А ТОЈ САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ – Тешко повреден 35-годишник во Струмица

ДЕСК

Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување

ДЕСК