Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Возеле без дозвола, под дејство на алкохол или со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишна жителка на с. Глуво, скопско, 37-годишен жител на с. Тисовица, Општина Зелениково, и 37-годишен жител на с. Черкези, кумановско.

Службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско и од с. Уланци, Општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекнат со право на управување.

Под дејство на алкохол возеле 40-годишен жител на Битола и 41-годишен жител на Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода.

Лице на возраст од 25 години од с. Вирче, делчевско, управувало патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПРЕТРЕСУВАЛА ДВА ДОМА, ВО ЕДНИОТ ПРОНАШЛА МУНИЦИЈА – Приведен 61-годишник од Девич

ДЕСК

Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники

ДЕСК

Честитка од претседателот на Уставен Суд, Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот

ДЕСК