СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.11.2026 на пешачка патека во Скопје, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил кеса со марихуана, која ја пронашле и одзеле. Подоцна, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.


