На 16.11.2026 во 16:55 часот во с. Девич, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишија од слобода 61-годишен жител на с. Девич.
При претреси во неговиот дом во Македонски Брод и во с. Девич, извршени со наредба од Основен суд Кичево, во домот во с. Девич се пронајдени и одземени 15 парчиња маневарска муниција.
По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.


