На 15.11.2026 во 15:35 часот во ОВР Прилеп, 38-годишен жител на Прилеп пријавил дека во близина на неговата викенд куќа во Прилеп на патот за Плетвар слушнал истрел од огнено оружје, по што забележал дека на хаубата на неговото возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки има закачен проектил од огнено оружје.
Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека се работи за проектил од ловечко оружје, кој бил подигнат за понатамошна постапка.


