Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против малолетник од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.12.2025 на место викано „Горни водопад“, на реката Каменичка, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил кеса, која е пронајдена и одземена и во неа биле најдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага. Исто така, при извршен претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.


