На 15.11.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека при претрес во притворска просторија каде што бил сместен 27-годишен притвореник била пронајдена и одземена марихуана.
Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.


