Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?

Соопштение на СДСМ:

Премиерот и обвинителите ги повикуваат граѓаните да пријавуваат корупција, но не кажуваат кога ќе има одговор.

АКТ на СДСМ поднесе пријави и во ДКСК и во Обвинителството. Сè пријавуваме заедно со граѓаните – одговор нема.

Го пријавивме и Мицкоски врз основа на сомнеж дека е дел од балканскиот картел, дел од Вучиќевата организирана криминална група и шеф на нејзината експозитура за Македонија.

ВМРО ја пријавивме како мафијашки синдикат што управува и со ЗНАМ и со ЗНАМ 2.0.

Одговор за тендерите добивме само како утврдување татковство – дека татко не е татко.

Ако Мицкоски сака да помогне, нека се пријави себеси, нека се уапси себеси и нека го признае целиот криминал, корупција, но и сите тешки дела против државата застапувајќи ги руските и Вучиќевите интереси.

Мицкоски не сфаќа дека тој е извршна власт, а не правосудна. Не може тој да се поистоветува со обвинителството. Не може да ги дели инструкциите од говорница, од телевизија и преку телефон.

Затоа имаме ваков извештај на Европската комисија. Затоа корупцијата е на највисоко ниво. Затоа стоиме во место за ЕУ.

Обвинителството мора да работи независно. Не по повик од Мицкоски. Не по налог од ВМРО-ОКГ.

Обвинителството дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа банда ВМРО-ОКГ.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Можеби ќе ве интересира

Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови  за нови инвестиции

ДЕСК

Тушевска: Во  Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област

ДЕСК

Демократски сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младите

ДЕСК