Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид, како место од каде доаѓа и истакна дека целта е да се создадат услови за одржлив економски развој, нови инвестиции и нови работни места. Како што вели таа, Охрид има потенцијал да прерасне во целогодишна туристичка дестинација, но и во град со развиено производство, посилна инфраструктура и економија која ќе создава можности во текот на целата година.
,,Охрид е град кој најдобро знае колку вреди секој турист, секоја нова авиолинија, секоја инвестиција и секое ново работно место. Но, исто така знаеме дека Охрид не може да живее само од својата убавина и од туристичката сезона. Му требаат производство, инфраструктура, нови пазари и економија која работи во текот на целата година“, вели Петкоска.
Таа истакна дека целта е Охрид да се развие во целогодишна туристичка дестинација, со зголемен број туристи во текот годината, а не само во летната сезона.
,,Да има работа за хотелите, рестораните, туристичките водичи, превозниците и малите семејни бизниси, и тогаш кога нема летни гужви по охридските улици. И токму тука, гледам промена во развојна перспектива на Охрид. Новите авилонии, подобрената авионска поврзаност и модернизација на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“, се конкретни чекори кон таа цел. Владата знае дека за Охрид освен туризмот се важни и други работи, пред само неколлку дена беше означен почетокот на изградба на нов производен комплекс на охридската компанија АСП ПАК. Инвестиција вредна над 10 милиони евра, реализирана во стратешко партнерство со Владата. За мене, и моите охриѓани ова е особено значајно затоа што зад оваа инвестиција стои охридско претприемништво, домашна компанија која растела, инвестирала и освојувала странски пазари“, рече Петкоска и додаде:
,,Тоа е доказ дека и од Охрид може да се произведува за светот. И токму тука е суштината на економскиот развој. Ни треба туризам, но ни треба и производство. Ни требаат нови туристи, но и нови извозни производи, ни требаат хотели, но и фабрики, ни треба инфраструктура, која ќе ги поврзе сите овие можности. Охрид е добар пример дека развојот не смее да се потпира само на една економска гранка. Само ако имаме што да покажеме зад себе, имаме основа одговорно да зборуваме за она што го планираме утре. Денес туризмот станува стабилна економска гранка, а не сезонска надеж. Ова е суштината на развојното планирање. Не само да потрошиме пари туку да создадеме услови тие пари да генерираат, нова активност, нвои приходи и нови работни места“.
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


