Советот на Европската Унија денеска донесе одлука за воведување рестриктивни мерки против четири криминални вооружени групи од Хаити поради нивната поврзаност со сериозни прекршувања на човековите права.
Според европските институции, групите се поврзуваат со убиства, сексуално насилство и регрутирање деца во вооружениот конфликт. Мерките се воведени во рамките на глобалниот европски режим за санкционирање тешки повреди на човековите права.
Одлуката доаѓа во услови кога безбедносната и хуманитарната состојба во Хаити останува сериозно нарушена. Со санкциите ЕУ сака да го ограничи финансискиот и оперативниот простор на вооружените групи.


