Советот на Европската Унија денеска усвои нови рестриктивни мерки против 30 лица и два субјекта во рамките на мерките против злонамерни активности и странско информациско мешање поврзано со Русија.
Според официјалното соопштение, дел од санкционираните се поврзуваат со активности што ја загрозуваат демократската стабилност и безбедност во Европската Унија и во други држави. Посебно е опфатен субјект поврзан со сајбернапади врз државни институции, критична инфраструктура и приватни компании.
Со одлуката Брисел дополнително ја проширува употребата на санкции како инструмент против сајберзакани, дезинформации и други форми на хибридно дејствување.


