Бугарската влада денеска го одобри предлог-законот за државниот буџет за 2027 година, со кој се предвидуваат мерки за поддршка на приходите на граѓаните и стабилизирање на јавните финансии. Во предлогот е предвидена минимална месечна плата од 660 евра.
Буџетската рамка предвидува дефицит од 3,5 проценти од бруто-домашниот производ, со план за негово постепено намалување во наредните години. Предвидено е и зголемување на платите на наставниот кадар за 7,5 проценти од јануари 2027 година.
Премиерот Румен Радев го претстави буџетот како документ со значајна социјална компонента. Владата нагласува дека целта е поддршка на животниот стандард, без напуштање на среднорочните планови за ограничување на дефицитот.


