Во Словенија утрово во 07:00 часот се отворија избирачките места за редовните локални избори, на кои граѓаните избираат градоначалници и членови на општинските совети во 212 општини. Право на глас имаат 1.605.948 избирачи, а гласањето се спроведува на 3.116 избирачки места.
За градоначалничките функции се кандидирале 614 лица, додека за места во општинските совети се натпреваруваат 18.016 кандидати. Посебно внимание привлекува Љубљана, каде што актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ се соочува со конкуренција од повеќе кандидати. Според предизборните анкети, можно е за главниот град да биде потребен втор круг.
Избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот, а првите делумни резултати се очекуваат по 20:00 часот. Втор круг од изборите за градоначалници, во општините каде што ќе биде потребен, е закажан за 29 ноември.


