Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВРАБОТЕН ВО МВР ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗАКАНИ – Му се заканувал на скопјанец поради недоразбирање со синот, се најавува и суспензија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против вработен во Министерството поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, документарист во Отсекот за статистика и документирање во ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на 18.03.2026 преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на лице од Скопје поради претходно недоразбирање со неговиот син.

Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

Можеби ќе ве интересира

МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ И ДЕТЕ ОД 15 ГОДИНИ – Полициски интервенции во Скопје

ДЕСК

СО 2,22 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СОПРУГАТА – Полицијата приведе 72-годишник во Гевгелиско

ДЕСК

ЈА СЛЕДЕЛ И ВОЗНЕМИРУВАЛ ЖЕНАТА СО КОЈА БИЛ ВО ВРСКА – Приведен 36-годишен гевгеличанец, ќе биде изведен пред судија

ДЕСК