ПОЛИЦИСКИ ПРИВЕДУВАЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ – Марихуана и бела прашкаста материја, меѓу приведените и 15-годишник
На 13 и 14.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода четворица возрасни, од кои тројца жители на Скопје на возраст од 39, 28 и 26 години и 29-годишен жител на Струмица, како и 15-годишен малолетник од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.


