Centar.mk
илустративна фотографија
-МАКЕДОНИЈА

СО „ФОРД“ НАТОВАРЕН СО ДРВА СЕ ОБИДЕЛ ДА УДРИ ШУМСКИ ПОЛИЦАЕЦ – Не застанал на даден знак и побегнал, приведен 53-годишник

На 13.11.2026 во 21:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишија од слобода 53-годишен жител на истото село.

Тој се сомничи дека околу 13:40 часот во атарот на с. Желино, со патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревни дрва, не застанал на даден знак од припадници на Шумската полиција, туку ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВРАБОТЕН ВО МВР ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗАКАНИ – Му се заканувал на скопјанец поради недоразбирање со синот, се најавува и суспензија

ДЕСК

МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ И ДЕТЕ ОД 15 ГОДИНИ – Полициски интервенции во Скопје

ДЕСК

СО 2,22 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СОПРУГАТА – Полицијата приведе 72-годишник во Гевгелиско

ДЕСК