На 13.11.2026 во 12:30 часот во гевгелиско село, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода 72-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 60-годишна сопруга.
Извршено е алкотестирање со дрегер, при што било утврдено дека лицето има 2,22 промили алкохол во организмот и бил задржан во Полициската станица Гевгелија.
Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


