СВР Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на с. Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 05.11.2026, пријавениот влегол во станот на едно лице, при што се обидел да одземе два куфери со ловечки пушки и муниција, кои сопственикот ги поседувал со дозвола.
Во меѓувреме дошол сопственикот и забележал дека му недостига оружјето и го пријавил случајот, по што полициски службеници излегле на местото, го пронашле пријавениот и од него било одземено оружјето.


