Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: 36-годишен жител на с. Слатино, тетовско, 34-годишен жител на Кичево, 40-годишна жена од с. Миравци, гевгелиско, 24-годишен жител и двајца 17-годишници, сите тројца од Скопје.
Додека, пак, со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола.
44-годишен жител на Скопје и 26-годишен жител на Охрид управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


