На 12.11.2026 во 09:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 53-годишен маж и 54-годишна жена, двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од нивната 16-годишна малолетна ќерка дека во домот нејзиниот татко физички ја нападнал, а нејзината мајка подолг временски период психички ја вознемирувала.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


