Centar.mk
фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
БИЗНИСПРОМО

Енергетската дипломатија ги обединува регионот и меѓународните партнери – Женското лидерство во фокусот на првиот форум во Скопје

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“. Форумот ќе собере еминентни домашни и меѓународни личности, реномирани експерти и влијателни претставници од енергетскиот сектор, високи институционални претставници, дипломати, меѓународни организации и деловната заедница, отворајќи платформа за стратешки дијалог, размена на искуства и нови регионални партнерства.

Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, забрзувањето на транзицијата кон обновливи извори на енергија, зеленото финансирање и регионалната соработка.

Посебно внимание ќе биде посветено на улогата на жените во енергетскиот сектор, нивното лидерство и учеството во креирањето енергетски политики и меѓународната енергетска дипломатија.

Форумот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).

Заедничката цел е да се отворат нови можности за партнерства, инвестиции и конкретни иницијативи за одржлива, сигурна и поотпорна енергетска иднина на регионот.

Повеќе информации: https://forum.energy.gov.mk/

фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

ДЕСК

ПРЕСВРТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ – Продажбата на станови падна за 14 отсто, изнајмувањето скокна за 45 проценти

ДЕСК

Лашкоска: Нема одложување на новите еколошки обврски за индустријата

ДЕСК