СВР Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на селото Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според информациите од полицијата, во текот на август 2026 година, пријавениот усно се договорил со едно лице да изврши молерски работи на неговата куќа, за што добил капар во износ од 2.500 евра.
Меѓутоа, како што е наведено во полицискиот билтен, 39-годишникот не ги извршил договорените работи. По документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против него поради сомнение за измама.


