Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЗАКАНИ СО ЛОВЕЧКА ПУШКА ВО КАВАДАРЕЧКО – Полицијата одзела оружје, известен јавен обвинител

Полициски службеници од ОВР Кавадарци постапувале по пријава за закани со ловечка пушка на местото викано „Витачево“, во кавадаречкиот регион.

На 9 ноември 2026 година во 20:55 часот, полицијата извршила службен разговор со 62-годишен жител на Кавадарци, откако претходно било пријавено дека со ловечка пушка му се заканувал на 50-годишен жител на селото Бегниште.

При полициското постапување биле пронајдени и одземени ловечката пушка и пиштол за светлосна и звучна сигнализација. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛ КАПАР ОД 2.500 ЕВРА ЗА МОЛЕРСКИ РАБОТИ, НО НЕ ГИ ИЗВРШИЛ – Кривична пријава против 39-годишник од Тетовско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО БИТОЛА – Кај 47-годишник од Шведска пронајдени дробилки со остатоци од марихуана и шише со прашкаста материја

ДЕСК

АМФЕТАМИН, КОКАИН И МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНИ ВО ДОМ ВО ГЕВГЕЛИЈА – Кривична пријава за 26-годишник, судот му одреди куќен притвор

ДЕСК