На 09.11.2026 година во 00:10 часот, на улицата „Крсте Нале“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице на возраст од 47 години од Шведска.
При извршениот преглед кај лицето и во возилото што го управувало, полициските службеници пронашле две дробилки со остатоци од марихуана, како и шише со прашкаста материја.
Пронајдените предмети биле одземени, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


