Centar.mk
СВЕТ

Трамп откри што му кажал шефот на „Nvidia“ откако изби шпионскиот скандал

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека разговарал со Џенсен Хуанг, извршниот директор на „Nvidia“, кој признал дека имал вонбрачна врска со жена за која се тврди дека е кинески шпион. Сепак, Хуанг негирал дека знаел за нејзините наводни шпионски активности, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп вели дека дури неодамна дознал за аспектите на случајот поврзани со разузнавачките служби. Тој тврди дека не бил свесен за овие сомневања минатата пролет, кога Хуанг бил дел од неговата делегација за време на државната посета на Пекинг. Според Трамп, за време на нивниот разговор, Хуанг негирал дека знаел оти жената со која имал врска работи за кинеските разузнавачки служби.

Трамп: „Му верувам“

„Разговарав со него денес, само за да видам како е“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Го прашав како е, а потоа прашав и за целата ситуација. Тој рече дека немал апсолутно никаква претстава дека таа личност е шпион. Директно го прашав дали знаел дека таа е шпион, а тој одговори дека немал поим – и јас навистина му верувам.“

Претседателот напомена дека почнал да добива информации за ситуацијата „не толку одамна“ и додаде дека ФБИ го истражува случајот. Од „Nvidia“ исто така изјавија дека ќе ги разгледаат медиумските извештаи според кои Хуанг бил цел на активности на странски разузнавачки служби. „Мислам дека сè ќе биде во ред со него“, заклучи Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА РАСПРАВА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – Британија пред ОН предупреди на нападите врз цивилната инфраструктура

ДЕСК

РЕЧИСИ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВОЕНАТА МИСИЈА ВО УКРАИНА – ЕУ го продолжи мандатот за уште две години

ДЕСК

ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД ПРЕГОВОРИ – Денеска во Брисел состанок на министрите за финансии

ДЕСК