Американскиот претседател Доналд Трамп навреди новинар од мрежата „MS Now“ за време на прес-конференција во Белата куќа, нарекувајќи го „глупак“ и обвинувајќи го дека работи за „лажна мрежа“, откако новинарот му постави прашање во врска со неговото попуштање пред Владимир Путин.
Новинарот го потсети Трамп дека, во текот на изминатите 22 месеци, тој поставил низа рокови за рускиот претседател – кои се однесувале на прекин на огнот и директна средба со Володимир Зеленски – а Москва доследно ги игнорирала сите нив.
Потоа праша кога ќе дојде крајот на таквото додворување кон Кремљ. Видливо изнервиран, Трамп го избегна одговорот прашувајќи дали Путин е во војна со САД, потоа остро ги критикуваше рејтинзите на телевизиската мрежа, го прекина новинарот и се сврте кон друг новинар, дофрлајќи: „Каков глупак си ти“.
/Извор:Makfax


