На 09.11.2026 година во 11:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата на Град Скопје „Мајка Тереза“, во близина на клучката „Радишани“, се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки удрило во метална ограда.
Според полициските информации, товарното возило го управувал 48-годишен жител на Скопје, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на сообраќајната несреќа увид извршила екипа од СВР Скопје.


