Тешка сообраќајна несреќа се случила на крстосницата меѓу улиците „Борис Трајковски“ и „Саса“ во Скопје, во која со тешки телесни повреди се здобила 76-годишна жена.
На 09.11.2026 година, околу 09:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишен скопјанец, и патничко возило „застава“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 79-годишен жител на Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди здобила 76-годишна скопјанка, која била сопатничка во возилото „застава“. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје.


