Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ПА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ – Двајца млади тетовци завршија во полициска станица

Двајца млади мажи од Тетово се лишени од слобода откако полициски службеници кај нив пронашле марихуана, а еден од нив физички ги нападнал полицајците за време на службената постапка. Инцидентот се случил на улицата „107“ во Тетово.

Според информациите од полицијата, на 9 ноември 2026 година, околу 21:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед кај две лица, на возраст од 27 и 19 години, двајцата од Тетово. При прегледот била пронајдена и одземена марихуана. Додека полицајците ги преземале службените дејствија, лицето на возраст од 19 години физички ги нападнало полициските службеници.

Двајцата биле приведени и задржани во полициска станица. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

МУ БАРАЛ ПАРИ, ПА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ – Инцидент меѓу малолетници во комбе за превоз на ученици

ДЕСК

УПАДНАЛ ВО МАКЕДОНСКО УЧИЛИШТЕ И НАПАДНАЛ ДВЕ ДЕЦА – Полицијата уапси 51-годишен маж

ДЕСК

УДРИЛ ДЕВОЈКА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ИЗБЕГАЛ – Полицијата трага, малолетничката на Ургентен

ДЕСК