Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО ТЕТОВСКО СЕЛО – Пронајдена марихуана, кривична пријава против 46-годишен маж

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на селото Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според информациите од полицијата, на 27 октомври 2026 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во селото Селце.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана. По преземените мерки и документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишникот.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И ЗАКАНИ – Во Делчевско пријавен напад врз 13-годишно дете, два случаи и во Гостивар

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НИЗ СКОПЈЕ – Пет лица лишени од слобода, меѓу нив и малолетник

ДЕСК

ВАЖНО ЗА ПАТНИЦИТЕ КОН ГРЦИЈА – Сообраќајот кај Богородица е пренасочен на спротивната страна од автопатот

ДЕСК