Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО ОЦЕНКА ЗА ЦАРИНАТА – Приходите во 2025 година надминале 2,1 милијарди евра

Царинската управа на 7 ноември објави дека во последниот извештај за Македонија, Европската комисија нотирала добро ниво на подготвеност во поглавјето 29, кое се однесува на царинската унија. Според објавеното соопштение, вкупните приходи наплатени од Управата во 2025 година биле за 5,2 отсто повисоки отколку во 2024 година и надминале 2,1 милијарди евра.

Во делот за институционалниот капацитет се истакнати нови системи за анализа на ризик и разузнавачка поддршка на истрагите, подобрување на техничката опрема и модернизација на информатичките системи. Царинската управа наведува и висок степен на усогласеност на царинските прописи со правото на ЕУ, но тоа не значи дека сите реформи се завршени или дека преговорите за членство се затворени.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните на Илинден активно вклучени во креирањето на Буџетот за 2027 година

ДЕСК

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

ДЕСК

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

ДЕСК