На 07.11.2026 во 04:35 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, лишено од слобода е лицето на возраст од 28 години од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со охридски регистарски таблици, кој го управувал, а при извршеното алкотестирање кај него констатирале 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


