Во текот на 07 и 08.11.2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица на возраст од 41, 55, 30, 26 и 52 години, сите од Скопје.
При полициските проверки кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и шише со метадон.
По целосното документирање на случаите, против петтемина ќе следуваат соодветни поднесоци.


