На 05.11.2026 година во 15.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, лишено од слобода е лицето на возраст од 45 години од струшкото село Калишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него изречена е активна забрана за управување со моторно возило од ,,Б“ категорија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


