Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски зборува за „саботажа“, а одговорите за Алта банка се кај него и Славески

Мицкоски зборува за „саботажа“, а одговорите за Алта банка се кај него и Славески, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција. Фрчкоски укажа дека обвинувањата на Мицкоски за саботажа немаат правна основа кога станува збор за СДСМ, кој нема никакви извршни функции во институциите поврзани со влезот на Алта банка.

„СДСМ нема никакви извршни функции во институциите врзани со влезот на Алта за да можат да ги саботираат одвнатре. Ниту нашите јавни прес-конференции кои претставуваат транспарентно политичко дејствување се акт против државата“, рече Фрчкоски.

Притоа, Фрчкоски објасни дека доколку Мицкоски навистина зборува за саботажа, тогаш треба да се погледне кон оние кои имале институционална моќ и обврска да постапуваат одговорно, а не кон опозицијата.

„Кога Мицкоски зборува за „саботажа“ и „загрозување на уставниот поредок“ по Член 315 од КЗ правно да му објасниме која е вистината. Законското битие на делото подразбира дејствие кое мора да произлегува од злоупотреба на работното место/обврската што едно лице ја има кон субјектот што се оштетува, со намера да се сруши уставниот поредок. Бидејќи „саботажа“ произлегува од злоупотреба на работното место или обврската што одредено лице ја има кон субјектот што се оштетува, тогаш повторно доаѓаме до Мицкоски и Славески“, рече Фрчкоски.

Фрчкоски посочи дека Мицкоски и Славески ги имале сите информации за Алта банка, но сепак го дозволиле нејзиниот влез во македонскиот финансиски систем.

„Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем. Носењето потенцијално штетни одлуки од позиција на моќ и влијание внатре во институциите е суштина на членот 315“, рече Фрчкоски.

Тој порача дека наместо да се заканува на СДСМ на владини прес-конференции и да го повикува Обвинителството да не гони, Мицкоски треба да даде одговори за сопствената улога и за одлуките што биле донесени во врска со Алта банка.

„Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата.Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка. Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција“, рече Фрчкоски.

Можеби ќе ве интересира

**„ГОЛФОТ“ ГО ИМАЛ, А ВОЗАЧКИОТ ИСПИТ ГО НЕМАЛ – 18-годишник приведен во Струга**

ДЕСК

ЌЕ ТИ ДАДАТ ПАРИ НА ЗАЕМ, А ПОТОА И КОЛАТА ЌЕ ТИ ЈА ЗЕМАТ – Обвинителството истражува организирани изнуди

ДЕСК

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд

ДЕСК