Centar.mk
фото Град Скопје
-ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски: Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници од градската администрација, денеска одржаа состанок со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво.

– Како градоначалник на Скопје, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно управување со јавните средства. Довербата на граѓаните се заслужува со работа, со јасни постапки и со подготвеност да се даде отчет за секоја донесена одлука. Граѓаните имаат право да знаат како се планираат и каде се трошат нивните пари – рече Ѓорѓиевски

На состанокот се разговараше за поголема одговорност на службите и на градоначалниците, како и за активно вклучување на невладиниот сектор во подготовката на финансиските планови и буџетите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посветено работи на создавање дигитални алатки како еден од најсилните механизми за спречување на корупцијата.

– Со поедноставни процедури, подостапни информации и можност за следење на постапките, создаваме услови за потранспарентна и поодговорна администрација. Јавните средства се доверба што мора да ја оправдаме. Секој ден, со секоја одлука и со секое дело – рече Ѓорѓиевски.

Можеби ќе ве интересира

ФИЗИЧКИ НАПАД НА „15 КОРПУС“ ВО ОХРИД – 40-годишник нападнат, полицијата најавува пријава

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

Рекордни средства за повисоки пензии, подобро здравство, поквалитетно образование – Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027, велат од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК