Centar.mk
РЕГИОН

Србија почнува со реконструкција на уште 32 километри од железничката пруга кон Бугарија

Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија го одобри почетокот на четвртата фаза од реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Ниш – Димитровград, која ја поврзува Србија со Бугарија, пренесуваат српските медиуми.

Новата фаза опфаќа околу 32 километри железничка пруга, реконструкција на четири железнички станици и изградба на четири патни премини.

Работите ќе се изведуваат на делниците меѓу Долац и Црвена Река, Црвена Река и Бела Паланка, Бела Паланка и Чифлик, како и Чифлик и Станичење.

Според издаденото одобрение, планираниот почеток на градежните работи е 6 ноември 2026 година, односно утре.

Пругата Ниш – Димитровград е единствениот дел од Коридорот 10 што не е електрифициран и претставува директна железничка врска меѓу Србија и Бугарија. Таа има значајна улога во транспортот на стока од Турција и Блискиот Исток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Банда криминалци упадна во хотел, полицијата и обвинителството не реагираат

ДЕСК

Вулин се огласи од Москва: Не побегнав, не можам да живеам без моите синови и Србија

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО НОВИ САД – Мајка осомничена за убиство на едногодишната ќерка, уапсен и таткото

ДЕСК