Мирен протест во чест на Билјана е најавен за утре, 6 ноември, во Градскиот парк во Богданци. Собирот ќе започне во 19 часот, со пораки за спречување на насилството врз жените и поголема институционална одговорност.
Иницијаторите повикуваат граѓаните заеднички да побараат навремена заштита и реакција во случаите на насилство. Во повикот се нагласува потребата предупредувањата да бидат препознаени пред да дојде до трагични последици.
Организаторите наведуваат дека собирот нема партиски карактер и дека е отворен за сите што сакаат да изразат солидарност. Протестот се најавува под мотото „Стоп за фемицидот“.


