Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Заменик-координаторот на Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, оствари средба со заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето

Во Собранието на Република Северна Македонија, заменик-координаторот на Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, го прими на средба заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето.

За време на средбата се разговараше за прашања од значење за демократските и интеграциските процеси во земјата, со посебен акцент на Изборниот законик, Реформската агенда и актуелната политичка состојба во земјата.

Посебно внимание беше посветено на реформите во правосудството, борбата против корупцијата и унапредувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Исто така, се разговараше за важноста на поддршката од Европската Унија во надминувањето на предизвиците со кои се соочува земјата, како и за продолжувањето на соработката со европските партнери во спроведувањето на реформите и исполнувањето на приоритетите на патот кон членство во ЕУ.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ДЕСК

Министерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство

ДЕСК

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК