Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Пендаровски со реакција на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Во прилог, интегрално ви ја пренесуваме изјавата на поранешниот претседател, Стево Пендаровски како реакција на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ:

Денешниот прес на ВМРО – ДМПНЕ пред градежен објект во изградба во Скопје е потврда за политичката дезориентираност на таа партија која дневно фабрикува афери со темпо кое не е видено од независноста до денес.

Независно од небулозите кои беа прочитани за некаква моја наводна финансиска и деловна поврзаност со објект кој го гради лице кое пред 7 години било именувано од мене како тогашен претседател на државата, сакам да го изјавам следново:

Под целосна морална, материјална и кривична одговорност тврдам дека ниту некогаш сум имал, ниту денес имам било каква деловна поврзаност со било кое лице кое согласно моите уставни и законски надлежности сум го именувал во рамките на мојот претседателски мандат. Тоа е, инаку, многу лесно проверливо од страна на институциите кои се тотално под контрола на владејачката партија, се разбира, ако тоа сакаат да го направат.

Следејќи ја истата “логика”, очекувам партијата уште денес да одржи прес-конференција пред Белата палата и да го праша својот лидер дали евентуално бил бизнис – партнер со својот бодигард кој беше уапсен под сомнение дека за 50.000 евра наводно оддавал службени тајни.

Се разбира, таквата первертирана методологија за денунцирање на луѓето може да се примени и во цела серија други криминални афери каде што во јавноста се спомнуваат лица директно именувани од Мицкоски или пак негови најблиски соработници, но, за тоа потоа. Прво, портпаролот на партијата нека ја оддржи прес – конференцијата која му ја предложив.

Според денешниот настап, “аргументите” веќе ги поседува.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ДЕСК

Министерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство

ДЕСК

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК