Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите

Реакција на ВМРО ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче никако да ја напуштат матрицата да ја користат која било тема и состојба во државата со кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните.

Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не.

Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат.

Ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту незадоволство има, ниту немир или паника.

Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции.

Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите.

Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите.
Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите.

Можеби ќе ве интересира

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК

МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО МАКЕДОНИJA: ДВЕ БЕЗЖИВОТНИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО БОГДАНЦИ – Едното во опожарено возило, другото во негова близина

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕН КУМАНОВЕЦ ВО МЛАДО НАГОРИЧАНЕ – Кривична пријава против 62-годишник

ДЕСК