Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРОЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР ВО СКОПЈЕ – Малолетник управувал „мерцедес“

03.11.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишна жена од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“, 18-годишна девојка од Велес. Повредите се констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

ДЕСК

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК