Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

СОМНЕЖИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ОДЗЕМЕНА ЖИВА СТОКА – Кривична пријава против фирма и три лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Ново Село, струмичко, против 46-годишниот управител на правното лице и против 68-годишно лице од с. Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и против 52-годишен вработен во Агенцијата за управување со одземен имот од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Прво, второ и третопријавените во два наврати не извршиле квантитативен и квалитативен прием на одземена жива стока, согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка. Четвртопријавениот не побарал да се изврши квалитативен и квантитативен прием на жива стока преку изготвување соодветен записник.

Можеби ќе ве интересира

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

ДЕСК

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК