Иран се етаблираше како нов центар на глобалната моќ благодарение на контролата врз Ормускиот теснец, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи.
Генерал-мајор Абдолахи изјави дека Ормускиот теснец претставува клучно енергетско тесно грло кое е главен извор на влијание на Иран, објави агенцијата Тасмин.
Според него, конфронтацијата меѓу Иран и САД отиде подалеку од воен конфликт и го менува глобалниот баланс на моќ.
„Иран не се стреми кон војна и ја смета воената моќ за средство, а не за цел“, рече врховниот генерал.
Абдолахи ги презентираше петте принципи на планот на Иран за трајна безбедност, меѓу кои се крај на војната на сите фронтови, целосно укинување на санкциите, компензација за наметнатите војни, признавање на суверенитетот на Иран над Ормускиот теснец и замена на американскиот „безбедносен чадор“ со нов „Ормуски механизам“.
Генералот нагласи дека овие принципи не претставуваат мировен предлог изнесен поради слабост, туку доктрина за формирање нов поредок.
Зборувајќи во име на вооружените сили, генерал-мајор Абдолахи, исто така, ја потврди нивната подготвеност да се соочат со заканите.
Тој рече дека војската смета дека паметната воена подготвеност, поддржана од народот, е основен услов за максимално одвраќање.
Тој предупреди дека Иран ја ажурира својата целна база и ги става материјалните и нематеријалните средства на американските и израелските противници во својот дофат, пренесува Танјуг. „На секоја закана, без оглед на нејзиното ниво или природа, ќе се одговори веднаш и ефикасно без географски ограничувања“, рече тој./Извор:Makfax


