Денеска (03.11.2026) во 01:45 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат во с. Велешта, струшко, патничко возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 21-годишен маж од с. Велешта, удрило во бандера и излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и увидна екипа од ОВР Струга.


