На 02.11.2026 во 11:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 30-годишен маж од Неготино. Тој се сомничи дека од возила во Неготино, сопственост на 36-годишен неготинец, со употреба на сила одзел разни предмети.
Дел од одземеното било пронајдено и предадено во Основното јавно обвинителство Кавадарци за понатамошна постапка. По наредба на Основен суд Неготино, 30-годишникот, на кого му е определена мерка притвор во траење од осум денови, бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.


