Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 51-годишен маж од с. Претор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 24.3.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две пушки со калибар 12, пушка калибар 7,99 мм, пиштол калибар 6 мм и 417 парчиња муниција, кои ги поседувал без дозвола.


