Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: 41-годишник од с. Сарај, скопско, 16-годишник од с. Танушевци, скопско и 29-годишник од с. Богородица, гевгелиско. Со забрана за управување на моторно возило возел 22-годишник од с. Грчец, скопско.
Под дејство на алкохол возел 45-годишник од с. Дебреше, гостиварско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


