На 02.11.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино приведоа 23-годишен маж од село Криволак, неготинско.
Тој бил баран по наредба од Основен суд Неготино за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.


